ДОКТОРОТ

ДОКТОРОТ

Д-р Адам Атанасиос, ДМ, член на Меѓународниот колегиум на хирурзи (МКХ), е ортопедски хирург во Солун.

Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Потоа, специјализирал општа хирургија во Општата болница во Костур, и ортопедија во Општата болница во Воден и Општата болница во Солун „Агиос Павлос“ (Оддел за спортски повреди).

Бил обучуван за педијатриска хирургија во Детската болница „Бут Хол“ во Манчестер, Англија, како и за хирургија на рамо во Асклепиос клиник Зелигенштат, Франкфурт, Германија, и хирургија на стапало во Поликлинико-Понте Сан Пиетро во Милано, Италија.

Основната обука ја завршил на Одделот за протетика/тотална замена на зглоб во Ортопедската клиника на Универзитетската болница Салгренска во Гетеборг, Шведска. Таму престојувал долг период и извршил голем број тотални артропластики на зглоб на колк и колено, следејќи ги најмодерните и најспецијализираните шведски предоперативни и постоперативни протоколи.
При крајот на 2017 г., завршил обука во водечката американска болница, Болница за специјална хирургија (БСХ) на Хируршкиот оддел за тотална замена на зглоб, преку стипендија од Фондацијата „Ставрос Ниархос“ (Ова е бр.1 ортопедска болница во САД, според списанието U.S. News & World Report.)

Уште од 2014 г. е член на Меѓународниот колегиум на хирурзи (МКХ), со седиште во Чикаго, САД. Бил дел од многубројни ортопедски конференции во Грција и надвор.

Во 2022 г., се здобил со сертификат од MAKO Smart Robotics, најнапредниот систем за тотална роботска артропластика на колено и колк, при седиштето на американската компанија Stryker во Флорида, САД. Тој е првиот ортопедски хирург во Солун кој го користи овој систем, и од почнувањето има извршено голем број зафати со целосен успех.

Д-р Адам Атанасиос, ортопедски хирург, е сопственик на две модерни клиники во префектурата Солун и соработува со групацијата Еуромедика.